Фото: Дарко Андоновски

Одѕивот на гласачите на вториот круг од Претседателските избори до 13 часот изнесува 20,73 отсто, соопшти на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.

Таа додаде дека на гласање до 13 часот излегле 359.024 гласачи.

Според ДИК и МВР, гласањето во текот на денот се одвива мирно.

Крива Паланка, Крушево, Прилеп и Кратово се засега општини со најголема излезност, а со најмала остануваат Врапчиште и Желино.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевкса нагласи дека и во вториот круг граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат да се јават на телефонскиот број 076 488 360, на кој преку видеоповик ќе можат да постават прашање во врска со гласањето и да добијат одговор на знаковен јазик.

Право на глас имаат 1.808.131 граѓани. Изборите ги следат 3.381 домашен набљудувач, 520 странски набљудувачи, 60 странски новинари акредитирани од ДИК.