Во првите два часа од гласањето на десеттите по рeд парламентарни избори на гласање излегле пет отсто од запишаните гласачи во Избирачкиот список односно 94.167 гласачи.

Државната изборна комисија соопшти дека одѕивот до девет часот е од 2.326 избирачки места.

Најголем одѕив имало во Кривогаштани каде на гласање излегле 13,1 % од гласачите, а најмал одѕив е забележан во Липково, 0.93%.

Право на глас имаат 1.814.263 граѓани запишани во Избирачкиот список.