Фото: Игор Бансколиев

До 15 часот, излезеноста на гласачите на вториот круг од Претседателските избори изнесува 30.34 отсто , информираше портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска. Според податоците од ДИК, до 15 часот гласале 527.068 гласачи.

ДИК, МВР и претходно граѓанската инцијатива МОСТ посочија дека гласањето во текот на денот се одвива мирно, непрекинато и без посериозни нерегуларности.

Најголем одѕив на гласачи има во местата Македноски брод каде гасале 49,45 отсто од запишаните избирачи, Крива Паланка со 52,61, Демир Капија 49,17, Демир Хисар со 49,09 отсто и Крушево со 47,68 отсто. Најниска излезност има во општините Желино со 9,03 отсто, Боговиње со 10,49 отсто и Центар-Жупа со 11,96 отсто.

Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска исто така нагласи дека и во вториот круг граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат да се јават на телефонскиот број 076 488 360, на кој преку видеоповик ќе можат да постават прашање во врска со гласањето и да добијат одговор на знаковен јазик.

Право на глас имаат 1.808.131 граѓани. Изборите ги следат 3.381 домашен набљудувач, 520 странски набљудувачи, 60 странски новинари акредитирани од ДИК.