Фото: Маја Јаневска-Илиева

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели дека инцидент немало. Недоразбирањето било надминато, а процесот на гласање не бил спречен во ниту еден момент.

– Во Бутел се работело за едно недоразбирање кое е надминато. Немало ниту прекин ниту било каков друг инцидент во конкретното избирачко место – рече портпаролот Шабани.

Дел од медиумите јавија дека гласањето во Бутел било прекинато откако гласач го фотографирал избирачкото ливче.