Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги отфрли приговорите од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и од Левица за предвремено почната изборна кампања.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски истакна дека приговорите поднесени од партиите се однесуваат за повеќе настани во различни општини, а станува збор за исти приговори.

Како што истакна Дерковски, во сите приговори недостигаат одредени елементи кои можат да го карактеризираат прекршкот како предвремен почеток на кампања и на некој начин било направено тоа.

Членовите на ДИК на денешната седница едногласно го усвоија и Предлог-упатството за пријавување и гласање на лица кои се во домашен карантин поради позитивен тест на ковид-19 и на лицата на кои им е одредена мерка самоизолација. Едногласно беа усвоени и барањата за акредитации за набљудувачи на овој изборен процес поднесени од ОБСЕ/ОДИХР и од Француската амбасада.