Фото: Игор Бансколиев

Данела Арсовска од Група избирачи со освоени 15.379 гласови (38,9 отсто) е во водство пред кандидатот на владејачката СДСМ Петре Шилегов со 13.705 гласови (34,66 отсто), во изборот за градоначалник на Скопје по 17,35 отсто обработени гласови, објави Државната изборна комисија (ДИК).

Петар Георгиевски од Левица е на третата позиција со освоени 3.385 гласови, односно 5,56 отсто.

Податоците од избирачките одбори допрва пристигнуваат и се внесуваат во онлајн-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија, како што истакна претседателот на ДИК Александар Даштевски на вечерашната прес-конференција.