Министерката за правда Рената Дескоска на Фејсбук објави дека ќе предложи уредба со законска сила со која ќе се укине годишното финансирање на политичките партии.

Таа додава дека се надева дека сите политички партии ќе ја поддржат оваа предложена уредба.

– Како министер за правда во чија надлежност е Законот за #финансирање на #политичките #партии ќе предложам уредба со законска сила со која ќе се #укине годишното финансирање на политичките партии кое треба да се исплати оваа година. Се надевам дека сите политички партии ќе ја поддржат предложената уредба. #СолидарностНаДело – напиша таа.