Денеска изутрина, во придружба на полицијата, од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, која ги печатеше гласачките ливчиња и другиот доверлив изборен материјал за предвремените парламентарни избори, тргна изборниот материјал.

Според претседателот на ДИК, Оливер Деркоски материјалите ќе бидат доставени до општинските изборни комисии, за да можат тие во текот на утрешниот ден да извршат дистрибуција на материјалите до избирачките одбори.

При преземањето на избирачкиот материјал Оливер Дерковски од Битола ги повика граѓаните да излезат масовно на гласање, да не се плашат за своето здравје, затоа што ДИК, како што рече Дерковски, се погрижила да ги обезбеди сите избирачки одбори со доволно заштитни средства, а и оние гласачи кои евентуално нема да носат маски на денот на гласање, да им дадат за да го остварат своето избирачко право. М.М.