Во тек е вториот ден од гласањето за предвремените парламентарни избори.

Откако вчера своето гласачко право го остварија заразените со ковид и оние во самоизолација, денеска гласаат болните, немоќните, хронично болните, затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

За гласање се пријавени 8.855 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.

Гласање ќе се спроведува и во 13 Казнено-поправни установи, пришто запишани се 1.657 гласачи и лица во домашен притвор.

Во старските домови, гласачкото право ќе го остварат 357 гласачи.

Право на глас на овие десетти парламентарни избори имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи.