Фото: Зоран Антоски

Во Општина Кичево рекорден број граѓани, за овие избори побараа да ги посетат избирачките одбори и да гласаат во домашни услови, но дури 13 од овие лица, болни и изнемоштени, не го дадоа својот глас. Тоа ни го потврди и Мире Ночески, потпретседател на ОИК за Кичево.

– За овие избори во нашата општина за домашно гласање се пријавија рекорден број граѓани, болни и изнемоштени, вкупно 501 лице. Од оваа бројка беа прифатени 445 барања, додека останатите беа отфрлени поради некомплетна медицинска документација или ги немаше на единствениот избирачки список. Но денес, кога заврши гласањето на овие лица, беше констатирано дека дури 13 лица кои побараа да ги посети избирачкиот одбор во нивните домови, не го дадоа својот глас – рече Ночески, кој нагласи дека сите подготовки се завршени за утре и почетокот на гласањето, кое треба да се спроведе според сите протоколи пропишани за ковид-19. З.А.