Австрија се залага пристапните преговори на Македонија со ЕУ да почнат во декември, како што порача австрискиот министер за надворешни работи Михаел Линхарт на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот колега Бујар Османи, во Скопје.

– Се заложуваме преговорите да почнат уште во декември. Тоа е нашето барање кое го поставуваме пред нашите партнери во ЕУ – рече Линхарт, додавајќи дека оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабнува Европа.

Османи нагласи дека Австрија е еден од најсилните поддржувачи на европската перспектива на Македонија.

– Зборувавме за декември како добар прозорец и за потребата за концентрирање на целокупната енергија во правец на искористување на оваа многу важна можност, не само за нашата приказна, туку за кредибилитетот на европската иднина – истакна Османи.