Никола Андонов од СДСМ и Николчо Стоилков од ВМРО ДПМНЕ се кандидати за градоначалник на општина Ново Село на изборите што ќе одржат на 21 април заедно со претседателските.

Никола Андонов е познат стопанственик од селото Колешино, а функцијата градоначалник на Ново Село ја извршуваше во периодот од 2005 до 2009 година.

Николчо Стоилков е актуелен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во Ново Село. Дипломирал на Правниот факултет при УКИМ, вработен е во Царинската управа.

Во Ново Село ќе се избира нов градоначалник, бидејќи поранешниот Боро Стојчев поднесе оставка откако беше осуден на затворска казна за обид за шверц на цигари.