Владата му утврди престанок на функцијата на досегашниот национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски, поради изборот за Претседател на Републиката. Одлуката е согласно член 83 од Уставот, според кој должноста Претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.

На владината седница е усвоена информацијата дека до целосно полноправно членство на нашата земја во НАТО, обврските на Националниот координатор за подготовките на Македонија за членство во НАТО ги презема Дане Талески, советник за надворешна политика на Претседателот на Владата, Зоран Заев.