Обвинетите за настаните од 27 април не се терористи, порача денеска на прес конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Драган данев, говорејќи за предлог-законот за амнестија што го поднесe ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека законот ги вкучува сите лица кои се обвинети за кривичните дела кои им се ставаат на товар.

– Игор Дурловски, Владо Јовановски, Богдан Илиевски и Борис Дамовски не се терористи. Не се терористи ниту вработените во Министерството за внатрешни работи, ниту останатите лица прогонувани врз основа на случувањата од 27 април. Тоа го знаеме ние, тоа го знаете и вие колеги од власта, а тоа го знае и целата македонска јавност. Затоа почитувани од СДСМ, бидете искрени и застанете еднаш зад она што го говорите, а кое е подадена рака и од нас за помирување – рече Данев.

Според него, со законот се предвидува начинот за прекинување на кривично гонење, а се предвидува и бришење на осудата на лицата кои се осудени.

Со законот за амнестија, опфатени си се сите лица, вклучувајќи ги и пратениците, а предлог-законот е поднесен по скратена постапка.