Фото: Маја Јаневска-Илиева

Европската Унија (ЕУ) би требало да им понуди можност на сите држави од Западен Балкан да се приклучат на единствениот пазар, каков што беше случајот со Норвешка или Исланд, смета директорот на Европската иницијатива за стабилност, тинк-тенк кој е многу влијателен во Брисел, Гералд Кнаус. Според него, ветото со кое Емануел Макрон го блокира почетокот на преговорите Македонија и со Албанија претставува „прекратување на маките”, пренесува Дојче веле“.

На Западен Балкан сега му се нуди привилегирано партнерство, односно норвешкиот модел, наместо натапканата патека по која кон ЕУ, и тоа со многу послаби критериуми, одеа Бугарија, Романија или Хрватска.

Според норвешкиот модел, пазарот е отворен, постои слобода на движење, нема царини – освен за храна и пијалаци, производи кои се силно субвенционирани во ЕУ, па Норвешка не сака сосема да им отвори врата. Норвешка, со Исланд и со Лихтенштајн, е членка на Европскиот економски простор (ЕЕП), механизам формиран во 1992 година, во кој се и сите членки на ЕУ.

Познавачите на состојбата наведуваат дека ваквата понуда отвора бројни прашања, односно дали Германија ќе биде подготвена да го прифати решението, како балканските стабилократи ќе им ја продадат приказната на граѓаните и дали за Западен Балкан е подобро да има врапче во рака или гулаб на гранка?