Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, по неделниот референдум,  ги повика политичарите во Македонија да продолжат со спроведување на Преспанскиот договор.

– Фактот што огромно мнозинство од оние кои гласаа го поддржаа Преспанскиот договор е многу важен, порача Гутереш. 

Во соопштението објавено од прес-службата на ОН, Гутереш ги повикува сите политички сили во Македонија да продолжат со спроведување на договорот со Грција во институциите на државата.