Се надеваме и очекуваме доследно почитување на договорот од Преспа како еден од критериумите за процесот на пристапување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Александрос Папајоану.

Запрашан да го коментира барањето на ВМРО-ДПМНЕ да не ја вклучува придавката северна во личните карти, Папајоану рече дека не сака да коментира што вели опозицијата во Северна Македонија.

– Се надеваме и очекуваме доследно почитување на одредбите од договорот од Преспа. Не би сакал да коментирам што вели ВМРО-ДПМНЕ во овој случај – рече портпаролот на грчкото МНР.