Грција како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и со Македонија ќе се обиде на секој можен начин да го олесни решавањето на разликите помеѓу Скопје и Софија, кажа грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендијас во интервју за „Јуроњуз“, додавајќи дека Грција цврсто останува на поддршката за европската перспектива на Западен Балкан.

Шефот на грчката дипломатија истакнал дека Грција е пријател со сите и се обидува да им помогне на сите, нагласувајќи дека „треба да се гледа големата слика“, односно иднината на Балканот во Европската Унија.