Историјата на грчката надворешна политика претставува литанија на стратешкиот успех и на пропуштените прилики. Истото се однесува и на надворешната политика на Европската Унија. Нашите национални неуспеси потекнуваат од токсичната комбинација на популизмот и на стравот од политичката цена. Неуспесите на ЕУ вообичаено се резултат на различните национални интереси меѓу земјите-членки, пишува универзитетскиот професор Јоргос Пагулатос во неговата колумна за „Катимерини“.

– Во текот на неодамнешната средба на Европскиот совет, францускиот претседател Емануел Макрон го блокираше отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија. ЕУ препозна дека двете држави го сторија тоа што се бараше од нив. Особено владата на Северна Македонија која прифати тешка политичка цена со менување на уставот и името на државата по Преспанскиот договор – се наведува меѓудругото во колумната.

Аргументот на Макрон дека прифаќањето на нови членки од Западен Балкан претставува ризик за нестабилност и за лошо управување во ЕУ, наместо да се промовира стабилноста, не е без причина. Но изоставањето на овие земји сериозно ја нарушува регионалната и глобалната позиција на ЕУ. Европската моќ не доаѓа без ризик или без одредена цена. Колебањето на ЕУ отвора празнина која други сили (Русија, Кина, Турција) ќе побрзаат да ја пополнат.

Некои наши сонародници бргу изразија нивна реакција слична на славење кога „куќата на соседот беше запалена“. Некои го гледаат ваквиот негативен исход како можност за убивање на оживеаниот Преспански договор. Ваквиот пристап одбива да разбере дека ние сме во нов еквилибриум кој бара спасување на тие елементи на Преспанскиот договор кои се позитивни за Грција. Поништувањето на Преспанскиот договор (преку заедничка пасивност намесно преку јасна одлука) ќе ги ослободи уривачките сили во соседната држава, во областа која е разбранувана од албанскиот иредентизам и експанзијата на ердоганизмот.

Заев е де факто незаменливиот партнер кој Грција има потполн интерес да го поддржи во пресрет на изборите во соседната држава во април 2020 година. Поразот на електоратот на Заев би можел да ги донесе националистите на власт, што ќе води кон влошување на односите на Северна Македонија со Грција и до дестабилизација на регионот. Непосредна опасност би била националистичка влада во Скопје која би ја замрзнала имплементацијата на Преспанскиот договор, одложувајќи ги процедурите за консолидација на ерга омнес името и оставајќи ја соседната држава осамена во барањата за поседување на историското наследство на Македонија.

Одржувајќи ги можностите за пристапување на Западен Балкан во ЕУ е стратегија што ги осигурува и регионалната стабилност и грчкото влијание. Преземањето на лидерската улога во бранењето на курсот на Западен Балкан кон пристапувањето на ЕУ и на стабилноста на Северна Македонија, како и спречување на случувањата што ќе ги донесат националистите на власт во Скопје претставуваат импрератив за Грција, заклучува Јоргос Пагулатос.