Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски се огласи на неговата страница на Фејсбук, по повод вчерашната трибина посветена на ликот и делото на Гоце Делчев одржана од Социјалистичката партија на Македонија.

– Одбележувањето на овој ден има особено значење заради актуелните наметнати договори, притисоци и уцени во правец на промена на историјата и идентитетот на македонскиот народ – напиша Груевски. 

Според Груевски, денешните притисоци, уцени, негирања, сервилност, наметнатите договори и марионетски влади, присилни промени со користење на највалкани методи само ќе го зајакнат македонското национално чувство и припадност.

– Ништо не е загубено додека го носиме длабоко во нас и веруваме во тоа. Македонското прашање ќе се затвори само тогаш кога тоа ќе биде во полза на Македонците – напиша Груевски на Фејсбук.

Денес е 4. фебруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, една од најавторитетните и најмаркантни фигури во македонското…

Posted by Nikola Gruevski on Вторник, 04 февруари 2020