фото: Фејсбук

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вечерва во емисијата „Клик плус“ истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се согласува во последните 100 дена од Владата на чело да застане премиер Албанец.

Според неговите зборови, договорот меѓу ДУИ и СДСМ е да има премиер Албанец 100 дена пред избори.

– Тоа е разговарано со Заев и Ахмети. Интересно е дека и Заев предвидел дека последните 100 денови на Владата ќе ги води премиер Албанец. За тоа е согласен и Димитар Ковачевски верувам. Е сега, да кажам дека и ВМРО-ДПМНЕ се согласни да има премиер Албанец. Oд партијата веќе разговараа со ДУИ – рече Груби во емисијата.