Претседателот на ДУИ, Али Ахмети и првиот вицепремиер и министер за политички систем Артан Груби преку пораки, им посакаа среќен Божиќ на сите православни верници.

– Посакувам овој Божиќ да донесе благосостојба и мир во сите семејства што слават и благословениот дух на овој празник да ги допре сите луѓе – напиша Ахмети изразувајќи желби за посветла иднина за сите.

Груби вели дека верските празници нè потсетуваат на тоа колку сме благословени за нашиот верски соживот, кој што, како што вели, е моќна основа за нашето општество.

Ахмети додава дека Божиќ ги обединува семејствата како еден од основните елементи на општеството и ги приближува сите луѓе едни кон други преку вербата во Бога.

– Истовремено празникот потсетува на благословот дека разликите нè обединуваат и не прават побогати – се вели во честитката на лидерот на ДУИ.