Пратеникот на ДУИ, Артан Груби од прес-центарот на Собранието му ја честиташе новата функција на претседателот Стево Пендаровски и рече дека со неговиот избор конечно ќе тргнеме по патот на едно големо помирување со сите политички фактори во државата.

-По 10 години владеење на Иванов дојде време на позитивни промени, при што сите политички фактори, почнувајќи од владата, општините, сега и претседателот ќе бидат сконцентрирани кон Запад – правецот кој што е вистинскиот за државата- рече Груби.

Во однос на политичките кредити за кои предупреди Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ,кои ќе треба да ги исплати новиот претседател и СДСМ, Груби рече дека Пендаровски е нивни кандидат.

-Неможеме да испорачуваме фактури кон наш кандидат. Единствената фактура којашто ја испорача ДУИ се резултатите на изборите и што успешно ДУИ ги испорачува од 2014 година- рече Груби.