Утре во 10 часот по локално време, во грчкиот Парламент ќе започне седницата за обновување на довербата на владата, по барање на премиерот на Грција, Алексис Ципрас, што ќе заврши во среда навечер со гласање доверба.

Предвидено е расправата, со говор, да ја отвори и да ја затвори грчкиот премиер, а обраќања ќе имаат и лидерите на политичките партии, јави дописничката на МИА.

Според грчкиот весник „Катимерини“, на денешниот состанок на претседателот и потпретседателите на Парламентот, било отфрлено барањето на опозицијата, расправата да трае три дена како што е предвидено со правилникот на Парламентот и било одлучено седницата да заврши најдоцна до среда на полноќ.