Фото: Маја Јаневска-Илиева

Според Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ

Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донесе значајни резултати во претходните пет години, туку напротив, владее со измами и пазарења, а на сметка на најважните прашања за народот, се вели во дел од образложението на интерпелацијата, која, како што кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција, е поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата, пратениците на ААА, БЕСА и Левица, односно со вкупно 61 потпис.

Очекуваме претседателот на Собранието во најкус можен рок, да свика седница на која ќе се гласа за доверба на владата, посочи тој. Николоски очекува гласањето да се одржи најдоцна во четврток, а информираше дека се надеваат и на поддршка од повеќе од 61 пратеник, бидејќи како што кажа, во тек се интензивни преговори и со неколку пратеници во парламентот.

Во однос на потписот на пратеникот Скендер Реџепи рече дека неговата изјава е јасна и не треба да се вади од контекст, односо дека тој ќе поддржи недоверба на владата.

Претставникот на ВМРО-ДПМНЕ рече за составување на нова Влада ќе се разговара после четврток, по што ќе се знае дали има можност за нова Влада или за брзи предвремени избори.