Со запазување на протоколи за заштита од коронавирусот денеска се гласаше на избирачкото место 1402/1 во основното училиште „Добре Јованоски” во Прилеп. Анета Мицеска, претседател на ИМ, вели дека гласањето оди нормално.

– Во избирачкиот список се запишани 657 гласачи. До пладне гласаа 20 проценти од запишаните избирачи – вели Мицеска.

Граѓаните кои го остварија своето право на глас очекуваат подобар живот и просперитет во општината.

Во ова училиште, каде што има повеќе избирачки места, се чека во ред за да се гласа.
Редица за гласање има и во ОУ „Кочо Рацин”. Ка.М.