Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на пратеници. Тие не сакаа да коментираат каде се закочени преговорите за проширување на парламентарното мнозинство и дали ќе има нова средба.

– Можеме да ви кажеме дека имаме напредок, следуваат консултации од нашите партии. Ќе има известување од партиите, од Влада – рече Гаши.

Детали за средбата најавија дека ќе испратат од Владата. На денешната средба требаше да се разгледуваат кадровските решенија и распределбата на ресори. Веќе се шпекулира дека Алтернатива бара две министерски места и две вицепремиерски места. За директорските, нема информации. Неофицијално, Гаши сака негов кадар да раководи и со Министерството за здравство.