Претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, придружуван од потпретседателот Лулзим Алиу, денеска престојувал во официјална посета во Република Албанија, каде што бил примен од албанскиот претседател, Илир Мета.

– На овој братски состанок се разговараше за меѓусебните државни односи, за положбата на Албанците во регионот, како и за продлабочување на меѓуалбанската соработка како национална должност – информираат од партијата.

Гаши му заблагодарил на Мета за досегашната соработка и изразил подготвеност да помогне во зајакнувањето на овој дух. И претседателот на Република Албанија, Илир Мета, му се заблагодарил на Гаши за посетата истакнувајќи дека таквата меѓуалбанска и меѓудржавна комуникација не треба да изостанува ниту во иднина.