Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши рече дека не може да се има предрасуди околу тоа дали некој го киднапирал пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, или не. Како што рече, „треба да му веруваме“.Гаши го изјави ова во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.
„Не можеме да кажеме нешто друго од тоа што го кажа лично пратеникот. Ако вели ’сум слободен, по моја волја сум тука‘, немаме право да кажеме нешто ако тој го кажал спротивното за себе. Дали имало притисоци и така натаму, тоа е сосема друга димензија. Но, сè додека тој лично излегува и кажува што се случило, кој е неговиот став, мислам дека јавноста треба да молчи односно нема право да му противречи“, рече Гаши.
Сепак, непојавувањето на Реџепи на вчерашната седница во Собранието за гласање недоверба на владата, лидерот на Алтернатива го окфалификува како предавство.