Српскиот претседател Александар Вучиќ на прес конференцијата со македонскиот претседател Стево Пендаровски, кој денеска беше во прва официјална посета на Белград, истакна дека не сака ЕУ и натаму да се однесува кон земјите од регионот како со кукли на конец.

Најави дека и дека од него нема да слушнат ништо лошо за другите во регионот, туку само дека сите се прекрасни соседи и прекрасни луѓе.

На прашањето што може да значи францускиот нон-пејпер за Србија и Македонија, вели дека сите земји чекаат да станат членки на ЕУ и дека тоа не е спорно, но дека тие во Брисел не знаат што точно да прават со нас.

-Кој и да каже нешто друго би ве излажал. Зборував со Заев во Нови Сад дека нема да има отворање на пристапни преговори, а тој ме уверуваше дека му ветиле и се виде што било – нагласи Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека со Македонија, пред сѐ поради Преспанскиот договор, ќе се отворат преговори во март или мај во Загреб, но дека се поставува прашањето што потоа.

-Ќе имате 15 дена да се фалите на телевизија дека се отворени преговорите. Но што потоа – праша Вучиќ.

Тој порача дека земјите во регионот мора да работат и да се договараат за напредување во иднина, да отвораат повеќе автопатишта, пруги, да се поврзуваат и да покажат повеќе почит едни кон други.