Во Штип до 13 часот на 77 избирачки места гласале вкупно 11.547 или излезноста е 27,7 отсто, информира претседателката на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Сенка Андреева.

– До 13 часот според информациите од избирачките одбори, на гласачките места гласале 5.842 мажи и 5.705 жени. Проблеми немаме на гласачките места, по реакција на политичка партија отстранет е билборд во близина на гласачко место. Можеме да кажеме дека име мирен изборен ден – вели Андреева.

Во Свети Николе се бележи излезност од над 31 осто, во Пробиштип е 30,54, а во малата рурална општина Карбинци излезноста до 13 часот е 25,15 отсто.