Европската комисија би требало предлогот за новата методологија во процесот на пристапување кон ЕУ да го претстави на 5 февруари, дознава српската новинска агенција „Танјуг“ од Брисел.

– Не сакаме да го менуваме проширувањето, туку да го унапредиме процесот – изјави портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, која вели дека новата методологија ќе биде претставена многу бргу.

Според извори од ЕУ, станува збор за концизен документ со конкретни предлози за модернизација и подобра ефикасност на процесот на пристапување, без промена на самата политика за проширувањето на ЕУ, пренесува српската новинска агенција.