Двете најголеми политички партии денеска речиси истовремено одржаа големи народни собири. Во Скопје се одржува Марш за европска Македонија, кој го организира Коалицијата Заедно за европска Македонија, предводени од СДСМ , додека во Штип голем протестен марш одржа опозицискта ВМРО-ДПМНЕ кои протестираат против промена на името на Р.Македонија и според нив штетниот „Преспански договор“.

Почетокот на маршот во Скопје започна од пред зградата на Црвениот крст во Скопје, а заврши пред зградата на Делегацијата на ЕУ. 

Пред седиштето на Делегацијата на ЕУ е предвиден голем граѓански собир на кој ќе се обратат премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, актерката и синдикален претставник Сања Арсовска и новинарот Томислав Кежаровски. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски својот говор на протестниот марш во Штип го започна клекнувајќи и поклонувајќи се пред големиот број на граѓани кои јасно кажаа „НЕ“ за промена на името.