Со предлог-законот за Агенцијата за национална безбедност и предлог-законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во РСМ, кои вчера беа на пленарна седница на парламентот, треба да финишира големата реформа на безбедносниот сектор.

Претседателот на собраниската комисија за надзор и следење на комуникациите, Емил Димитриев вчера, изјави дека реформата на безбедносниот систем можела да се изврши и на поквалитетен начин.

– Генерално наш став е дека реформата во безбедносниот сектор можеше да се води на многу поквалитетен и порационален и сеопфатен начин, со тоа што ќе ги сработевме сите закони што ја опфаќаат оваа сфера. Ние денеска веројатно ќе усвоиме два закона од оваа област, меѓутоа имаме постигнато договор со СДСМ дека во наредниот период ќе ги донесеме законите за Националниот совет за безбедност и новиот закон за агенцијата за разузнавање. Ние се надеваме дека роковите ќе бидат оптимални и дека во еден оптимален период овие закони што треба да ги донесеме ќе фатат чекор со денешните закони, кои ќе бидат усвоени – изјави Димитриев.

[email protected]