Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Алесандар Даштевски, соопшти дека одзивот е поголем во однос на првиот круг од изборите и во пресекот до 13 часот. За споредба, во првиот круг на овие избори до 13 часот гласале 237.476 гласачи, односно 20,76 отсто, а во вториот вкупно 269.674 гласачи или 24,78 отсто до истиот термин.

Различно во овој круг, за разлика од првиот, Даштевски нагласи дека е тоа што нема редици луѓе што чекаат да гласаат.

– Овој круг се разликува од првиот. Нема пријавено редици луѓе. Јас лично во првиот круг гласав околу 12 часот и чекав еден час, а сега не чекав ни пет минути. Се потврди она што го тврдев во првиот круг, дека метежот се прави поради гласачките ливчиња. Сега во Скопје има само по две ливчиња, а во останатите општини по едно – рече претседателот Даштевски.

Тој го оцени изборниот ден како мирен и изрази надеж дека така ќе остане до крајот. Мал метеж рече дека е очекуван пред затворањето на гласачките места во 19 часот од оние кои во пет деветнаесет часот доаѓаат да гласаат.