Право на глас во Битола право според Избирачкиот список имаат 82.882 илјади гласачи, иако неофицијално, според последниот попис кој неодамна заврши, градот нема ни оддалеку 82.000 жители, туку бројката се движи нешто над 65.000 граѓани.

Инаку, првиот ден на изборите своето право на глас во Општина Битола го искористија 112 болни и немоќни лица, како и десетмина заболени од ковид-19 кои се во изолација.

Од вкупно 68 затвореници и лица во притвор во Затворот во Битола, правото на глас го искористиле 54 гласачи, а во Домот за стари лоца гласаа 52 лица од вкупно 66 колку што се на избирачкиот список.

Своето бирачко право го искористија и три лица кои се во домашен притвор.

Меѓу нив се и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески и секретарот Слободан Бончановски, кои за случајот „Транспортер“ се осудени на повеќегодишни затворски казни. М.М.