Фото: Маја Јаневска-Илиева

Како што и се очекуваше на денешните предвремени парламентарни избори излезеноста во Битола до 19 часот надмина над 50 отсто.

Имено, од вкупно 79.606 запишани избирачи, во Битола на гласање излегоа вкупно 41.060 гласачи, што е 51,58 отсто.

Инаку, во Петтата изборна единица излезноста изнесуваше 44,95 проценти.

Во оваа изборна единица најмала излезност до 19 часот имаше во општината Маврово Ростуше, каде на гласање излегоа 27,29 отсто од гласачите, додека највисока излезност имаше во општина Крушево каде процентот на излезеноста на гласање изнесува 66,64 проценти. М.М.