Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници. Крајно нечовечки, на голем дел од неосновано притворените за 27-ми април, завчера им беше преиначена мерката од ефективен во куќен притвор, а веќе вчера, партискиот суд и обвинителство на Зоран Заев, одлучија повторно да ги приведуваат пред очите на нивните семејства, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Кој го нарача и кому му беше потребно ваквото малтретирање? Зошто некој сакаше семејствата повторно да ги проживуваат истите трауми? Што се смени во однос на околностите поради кои беше преиначен притворот?
Одговорот е ништо! Ништо освен што видовме и официјално сведочење и потврда пред судот дека Зоран Заев барал поткуп од едно евро за него, евро за партијата и евро за црквата од квадратен метар. После ова сведочење Зоран Заев нема кредибилитет да биде премиер. Ваков корумпиран политичар во секоја правна држава би имал забрана за вршење на јавна функција – информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се посочува дека токму ова сведочење мора да биде покриено со нови политички апсења и притвори без никаква основа и сите политички неистомисленици да бидат заплашени и трауматизирани за да не кренат глас.

-Судот мора да пронајде сила и да се ослободи од стегите на власта и да суди во корист на правото. Сите граѓани мора да бидат еднакви пред законот. Обвинителството мора да ги гони вистинските криминалци во Македонија од кои дел се наоѓаат на Илинденска бр. 2, наместо да ги гони патриотите и уставобранителите. Обвинителството мора да запре со штанцањето на неосновани политички монтирани обвиненија против политичките неистомисленици на Зоран Заев кои први предупредија дека тој има нарушени морални вредности, се истакнува во соопштението.