ВМРО-ДПМНЕ за утре најави предупредувачки протест во Скопје и во 10 други градови низ Македонија со барање јавноста да стекне увид во документот за кој преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничката влада во Бугарија, како што соопшти лидерот на партијата Христијан Мицкоски на денешната средба со новинарите.

Протестот е најавен во периодот од 15 до 17 часот пред старата зграда на „Нова Македонија“, кај Собранието и кај трговскиот центар „Мавровка“, како и во 10 други градови.

Мицкоски на средбата со новинарите нагласи дека опозицијата не е информирана за преговорите со Бугарија, меѓудругото потврдувајќи дека имал средба со претседателот Стево Пендаровски.