ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне продолжи со протестите пред Министерстото за надворешни работи. ВМРО-ДПМНЕ од Владата и од МНР бара да откријат за што конкретно се преговара за да се добие датум за почеток на преговорите со Европската унија.

Протестот се одржа во пресрет на седницата на собраниската Комисија за надворешна политика, која е закажана за среда. Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат на улица за да ги спречат погубните политики.

– Ние остануваме тука за да се спротивставиме на овие погубни политики и да спречиме уште еден нов македонски национален срам, срам кој ќе значи погибие на македонската историја, македонската култура и мешање во македонските учебници по историја.

Тоа е наше богатство, наша сопственост и Зоран Заев нема апсолутно никакво право сам да одлучува за вакви круцијални прашања кои се однесуваат на Република Македонија – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според донесената одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, тие ќе протестираат и утре од 17 до 19 часот.