Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто изборите би се одложиле и не би се одржале на 12 април, по изјавите на премиерот, Зоран Заев, дека можно е поместување на датумот.

– На лидерската средба во која што учествуваа сите политички партии беше утврдено дека изборите треба да се одржат на 12 април, односно техничка влада да се формира на 3 јануари 2020 година. Ние како политичка партија не гледаме посебна причина за одложување на изборите кои што ги најавува Заев – рече Цветан Трипуновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека согласно процедурите на собранието и претседателот на собранието ќе се одлучи дополнително дали има простор да се изгласа ратфикацијата на протоколот за членство во НАТО или ќе треба да се направи некоја друга отстапка.