Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со кој што му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски завчера знаеле дека Никола Груевски не е во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, но и покрај тоа политички ја злоупотребиле полицијата и институциите, запирајќи и претресувајќи членови и активисти на партијата со намера да ги заплашат.

– ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Никола Груевски, тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Така се загрозуваат и другите лица кои исто така се цел на тој прогон. И тоа се покажа, притворањето на дел од овие лица е дефокусирање од неспособноста на Заев и министерот за прогон и терор, Спасовски. Нивното притворање е политичка казна, а не правна санкција кон луѓе кои редовно и ревносно ги исполнуваа обврските кон судот – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија побараа од Заев и Спасовски да си поднесат оставки.