Зоран Заев е најголемото оружје што досега го имала грчката страна во преговорите за името, оценуваат одф опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создаваат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува Уставот, и се загрозува идентитетот Македонец и македонско. Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее, а со кој ќе се срамат стотици генерации во иднина – се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додават дека се спротивставуваат на овој договор.

– Ова е договор со кој во сто проценти се исполнуваат сите грчки барања. Со договорот Македонија се обезличува, се менува нејзиниот идентитет. Зоран Заев е единствениот политичар во Светот кој го сменил името на својата земја, и се откажал од идентитетот на својот народ. Со ова Заев се става во темната страна на историјата на Македонија – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата упати повик до незадоволните граѓани да им се приклучат денеска на протесниот марш во Битола.