Фото: Игор Бансколиев

Ако за Заев Бугарите се таткото и ако цената е исполнување на хегемонистички апетити, тогаш веднаш да се прекинат разговорите со Бугарија – велат од опозициската партија преку соопштение.

– Заев каза дека Бугарите сакале да бидат таткото, тогаш прашањето е што бара Заев сеуште на преговарачка маса. Кој е демантот на владата за да ги разубеди Бугарите дека грешат и да посочи владата на Заев до каде се македонските црвени линии. Заев целосно потфрла и се однесува како длабоко уценет човек.

Зоран Заев треба да престане да се однесува незрело и да игра по нотите на Бугарија. Во исти ден да кажува дека се ослободители и окупатори. Кажува дека тие биле таткото и дека бараат откажување од идентитетот. Ако цената е идентитетот Заев треба да ги прекине разговорите и да го напушти договорот со кој ја отвори пандорината кутија на големобугарските барања.

Или тие ќе се повлечат од ние нивни хегемониски барања или ние како држава треба да го напуштиме овој договор бидејќи очигледно претставува сериозна пречка за да земјата стане членка на ЕУ. – се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ