Во ВМРО-ДПМНЕ од попладнево се во тек координации на Извршниот комитет и на Централниот одбор на кои се очекува да биде заземен став на партијата за претстојниот референдум на 30. септември.

Претходно, во партиското седиштето се одржа коордиција и со пратеничката група.

Според најавите од партијата, заклучокот од состаноците на највисоките партиски тела ќе биде објавен на прес-конференција.

Од партијата во повеќе наврати порачаа дека се за членство на Македонија во Европската унија и НАТО, но се против  Договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Сепак, членови на партијата веќе ги соопштија своите лични ставови дека ќе го бојкотираат или дека ќе гласаат на референдумот и кои се нивните видувања за промената на името кое се доведува во контекст на евроинтеграциите.