Фото: Маја Јаневска -Илиева

ВМРО-ДПМНЕ го ограничи мандатот на претседателот на партијата преку промена на партискиот статут на вечерашната седница на Централниот комитет.

Претседателот ќе има четиригодишен мандат, со право на резибор уште два пати, со што третиот пат мора да биде одобрен од две третини од членовите на партиските тела и органи.

Донесена е и одлука за овластување на лидерот Христијан Мицкоски да се обиде да состави влада, односно да обезбеди парламентарно мнозинство.

Згора, новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ предвидува формирање на Унија на ветерани и Форум на интелектуалци, но не предвидува почесни претседатели, со што Никола Груевски веќе не е почесен претседател на партијата.

Меѓу новините во партискиот статут се и непосредниот избор во општинските комитети и кандидати за јавни функционери, како градоначалници и слично.