Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ слави во Прилеп. Кандидатот за градоначалник Борче Јовчески според нивните анализи победил во првиот круг. Неофицијално, тој освоил на 17 илјади гласа или 6.000 повеќе од противкандидатот на СДСМ. Според партијата, тие се водство со голема разлика и во советничката листа.

Дејан Проданоски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари на прилепчани за довербата, а кандидатот за градоначалник Борче Јовчески вети исполнување на програмата со која ја освои довербата и развој на Прилеп.

Тони Коњановски е во водство во Битола пред кандидатот на СДСМ Христо Кондовски, според изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, врз основа на нивните податоци од 60 обработени избирачки места од вкупно 170.

Според ВМРО-ДПМНЕ кандидатот на оваа партија и коалицијата, Коњановски, има 8.000 гласови, пред Христо Кондовски кој има 6.400 гласови. ВМРО-ДПМНЕ води и на советничките листи, истакна носителот на листата Пеце Милевски. Ка.М.;М.М.