Во овие моменти не треба да се подлегнува  на шпекулации. Одговорното политичко однесување на сите политички фактори во двете земји е од најголема корист и во интерес на изнаоѓање решение, изјавија за МИА од Владата, како одговор во врска со коментарот на грчки владин претставник, кој изјавил дека „по се изгледа се оддалечува можноста за договор во следните денови за решавање на спорот со името“.

Според истиот владин претставник, чија изјава ја пренесува грчката агенција АНА-МПА се оддлечува и можноста за телефонски разговор меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас .

– ПЈРМ очигледно сe уште не е подготвена да се одговори на она што беше договорено во Брисел меѓу двајцата министри за надворешни работи. Според тоа можноста за договор во текот на следните денови се чини дека се оддалечува. Веројатно се оддалечува и телефонскиот разговор на двајцата премиери, коментира претставникот на грчката влада.