Фото: Маја Јаневска-Илиева

Собранието само што почна да расправа, ја затвори седницата, откако претседателот на Собранието Талат Џафери соопшти дека Владата ги повлекла законите за Јавно обвинителство и законот за совет за јавни обвинители. Дописот до Собранието стигнал на неколку минути пред почетокот на седницата.

– Констатирам дека седницата тука се затвара, предлагачот ги повлече законите – информираше Џафери.

Координаторот на опозициската пратеничка група Никола Мицевски претходно рече дека се прекршени процедурите и дека не можело да се повлекуваат закони кои не биле ставени на владина седница која се уште трае.

– Не држите тука цел ден, тотално ја игнорирате опозицијата, за да сега имаме допис кој не потпишан од премиерот, и како овие закони се повлечени кога не биле на дневен ред на владината седница. Зошто ние воопшто сме на ова седница и што треба да гласаме, по кој дневен ред. Ако носите закон со европско знаменце без опозицијата, без експерти, без согласност на пратеницит, е терор и пазар. Нема да го дозволиме тоа. Бараме еден час пауза – рече Мицевски.

Во салата стана тензично откако спикерот Џафери се обиде да им објасни зошто ја затвара седница. Пратениците од опозицијата чукаа по масите и извикуваа пауза, пауза. Џафери ја прекина седница и закажа нова 135 седница за околу еден час на кој ќе бидат стсвени двата закони за Јавно обвинителство.