Фото: Дарко Антоновски

Во трите општини од Кичевско-Бродскиот регион, до 13 часот, највисока излезност е забележана во Македонски Брод, каде од 5.099 граѓани запишани на единствениот избирачки список, своето избирачко право го искористиле 1.505 гласачи или 29,90 проценти што е меѓу највисоките излезeности регистрирани во земјава.

За разлика од Македонски Брод, Општина Пласница и понатаму бележи ниска излезeност и до 13 часот во оваа општина гласале 266 граѓани или само 5,32 проценти.

Во Општина Кичево по малата излезност до 10 часот, до 13 часот излезeноста значително порасна и во овој период своето избирачко право го искористиле 6.500 граѓани или 13 проценти од 50.296 граѓани запишани на единствениот избирачки список.

-Традиционално во нашата општина како одминува денот така се интензивира бројот на граѓани кои го даваат својот глас. Во наредните 5 часа до кога ќе бидат отворени избирачките места, очекуваме бројот на гласачите значително да порасне и како на претходните неколку изборни циклуси – истакна Антигона Сефери претседателка на ОИК за Кичево.

Како во претходниот извештај така и сега, во дел гласачки места во селата со мал број жители сеуште нема гласано ниту еден жител, како што е случајот со избирачките места во селата Прострање и Јагол Дoленци, каде бројот на лицата што гласале до 13 часот е нула.

Зоран Антовски